Филипче ќе предложи продолжување на вонредната состојба, ако има потреба ќе следат карантински мерки во одредени општини

Во однос на вонредната состојба ќе предложиме, но таа има и други аспекти, не само здравствената. Карантински мерки апсолутно да ако увидите покажат дека нема почитување на мерките, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција.

– Верувам дека ќе бара тоа сериозна координација и со други институции, се надевам дека нема да стигнеме до таму да бараме такви мерки. Битно е да се јасно упати сигналот дека мора да се придржуваме до мерките. Мора да сепочитуваат превентивните мерки – додаде Филипче.

Министерот потенцираше дека засега епидемиолошките анкети укажуваат дека луѓето не се придржуваат до мерките.

– Епдемиолошките анкети укажуваат дека луѓето не се придржуваат до мерките, се собираат и не носат маски – истакна Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот