ФИФА суспендира свој потпретседател поради мито

ФИФА доби уште еден моќен противник во реализација на идејата СП да се игра на секои две години/ фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

ФИФА го суспендира претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ), Ахмад Ахмад на пет години поради злоупотреба на службената положба.

Имено, истражителите дошле до заклучок дека Ахмад Ахмад ја користел својата позиција за лична корист  и директно учествувал во работите на ЦАФ со компанијата за спортска опрема Тактикал стил.

Тој е обвинет за прекршување на актите на ФИФА 15,20,25 и 28 кои се однесуваат на извршувањето на функција и весност, нудење и примање понуди и други бенефиции, користење на својата позиција и злоупотреба на финансиски средства.

Тој е суспендиран од сите спортски активности во наредните пет години, а ќе мора да плати парична казна во висина од 200.000 шварцарски франци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот