ФФМ е против Суперлигата: Славата не е само цел, туку патување кое се заработува со труд и пот на теренот

фото: ФФМ

Денеска главна тема во фудбалскиот свет е одлуката на Европскиот суд на правдата во корист на т.н. „Суперлига“ за нејзино формирање, но од УЕФА и ФИФА не се загрижени.

Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино изјави дека ваквата одлука на судот нема да промени ништо кога е во прашање развојот на фудбалот.

И оние богати клубови кои беа дел од иницијаторите на овој проект, веднаш реагираа нагласувајќи дека се против вакво натпреварување и дека застануваат на страната на УЕФА.

Реал Мадрид и Барселона остануваат верни на идејата, а во меѓувреме се шпекулира дека и актуелниот италијански шампион Наполи на Елиф Елмас изразува желба да игра во Суперлигата.

Се огласи и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) која исто така е против Суперлигата и ја поддржува УЕФА:

– Фудбалската федерација на Македонија со цело срце ја поддржува УЕФА. Славата не е само цел, туку патување кое се заработува со труд и пот на теренот. Со секој потег или додавање, со секоја надеж, ние бараме чесност и страст во играта. Секој тим нека биде инспириран да игра со целото срце, да се бори за секоја топка како да е последна и да се натпреварува во духот на вистински фер плеј. За љубовта кон играта што нè обединува и нè мотивира сите заедно – се вели во објавата на ФФМ.

Манчестер јунајтед, Атлетико и Баерн се против формирање на Суперлигата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот