Фетаху: Ние како ИВЗ влеговме во оваа борба со зборовите „Страв не, но голема свест против оваа болест да“

Новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Ефенди Фетаху, на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека коронавирусот постои и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Оваа болест е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во посебно во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки кои ги поставиле органите и да дадеме придонес за што побргу да излеземе од оваа состојба. Ние како ИВЗ влеговме во оваа борба со зборовите ’страв не, но голема свест против оваа болест да‘. Мораме да се бориме со сите сили да се надмине ова“, рече Фетаху.

Пред да биде разрешен неговиот претходник Сулејман Реџепи, по молитва во Мустафа-пашината џамија за Рамазан бајрам го прогласи коронавирусот за мртов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот