Фестивалот „Охридско лето“ презентиран на собирот со културната елита од Европа

Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето”, од 14-ти до 17-ти овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во Лисабон, Португалија.

Директорката на „Охридско лето”, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор, Нина Момировска, во рамки на посетата ќе остварат средба со претседателот на ЕФА, Јан Бриерс, како и со претставници на останатите европски фестивали-членки на Асоцијацијата.

– Токму на најголемиот собир на кој присуствува културната елита од Европа и светот ќе ја истакнеме нашата успешната приказна. Пред европските делегати уште еднаш ќе потенцираме дека „Охридско лето” ги негува културните високи уметнички дострели според европските и светските стандарди. Конференцијата е одлична можност да се престави Фестивалот „Охридско лето” во најдобро светло, но исто така и прилика на првите луѓе на ЕФА да им бидат врачени официјални покани за присуство на претстојното 59-то фестивалско издание – вели Поповиќ.

Според официјалната агенда, од 14 до 17 април се одржува уметничкиот самит на фестивалите, додека за денеска е предвидено официјалното отворање на годинешното 67 Генерално собрание на ЕФА.

ЕФА асоцијацијата вклучува 100 фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето”од 1994 година е значаен партнер на Асоцијацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот