Федерер повеќе заработува од Роналдо и Меси

Швајцарскиот тенисер и на 38. години е без конкуренција во светот на спортот, открива „Форбс“.

Рожер Федерер е најплатен активен спортист во последните 12 месеци иако нема големи успеси на тениските терени, открива специјализираниот магазин „Форбс“.

Швајцарецот во последните 12 месеци заработи 106.3 милиони долари, од кои само 6.3 милиони се од награди од тениските турнири, додека 100 милиони долари заработи од спонзорите.

Интересно е што ова е прва пат еден тенисер да биде најплатен спортист во годишната листа на „Форбс“ која ја објавува во последните 30 години.


На второто место е Кристијано Роналдо кој заработи еден милион долари помалку од Федерер. Иако Роналдо е најпопуларен спортист на социјалните мрежи, тој од спонзорите заработил само 45 милиони евра.

На трретото место се најдоа ѕвездите на Барселона и на ПСЖ, Лионел Меси и Нејмар кои во последните 12 месеци инкасираа 104 милиони односно 99.5 милиони долари.

На петтото место е кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс кој заработил 88.2 милиони долари. Листата на 10. најплатени спортисти на светот ја комплетираат НБА ѕвездите Стеф Кари (74.4) и Кевин Дјурант (63.9), голферот Тајгер Вудс (62.3), и НФЛ квотербековите Кирк Казинс (60.5) и Карсон Венц (59.1) милион долари.

Меѓу 100. најплатени спортисти највеќе има кошаркари, дури 35, а потоа следал играчи од НФЛ лигата (31), додека фудбалери се само 14.

Кај дамите на првите две позиции се наоѓаат тенисерки, Наоми Осака и најдоброплатена спортистка со 37.4 милиони долари, додека Серена Вилијамс е втора со 36 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот