Федерер не е најдобар тенисер во својата ера – тоа е Новак Ѓоковиќ

Поранешниот австралиски тенисер Пет Кеш, смета дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во ерата на Рожер Федерер.

Пет Кеш разговорот со познатиот италијански новинар, Убалдо Сканагато, зборува за големата тениска тројка, Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал, која донесе вистинска револуција во тенисот.

– Новак, Рожер и Рафа се монструми, тие не се нормални луѓе… Никој не може да го направи тоа што оваа тројка го прави. Морате да имате поинаков менталитет во однос на нормалните луѓе. И Енди Мареј го има тоа. Морате да имате опсесија, без разлика на тоа што сте врвен спортист – вели Кеш.

Уште неизбежна тема која е актуелна кога ќе се спомне големата тројка, е таа кој е најдобриот.

– Па Федерер би можел да биде најдобар во сите генерации, дваесетите, триесетите… А, Рафа и Новак донесоа нешто ново, посебно Надал кој неверојатно игра на земја. Новак тоа може да го прави на сите подлоги, додека Рафа не може да го победи Рожер на трева. Доколку би можел да избирам, за мене е јасно дека Ѓоковиќ е најдобар. Тој е монструм, игра и ги победува Рафа и Рожер на нивните омилени подлоги. Многумина зборуваат дека Федерер е најдобар тенисер на сите времиеа, но тој не е најдобриот во својата ера – смета Кеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот