Федерацијата ги изрече казните по инцидентите од одбојкарскиот плеј-оф меѓу Наковски волеј и Јанта волеј

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Одбојкарската федерација на Македонија ги изрече казните по инцидентните настани пред саботниот натпревар меѓу Наковски волеј и Јанта волеј во полуфиналето од разигрувањето во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија.

За грешки од организациска природа и физички напад кон службени лица од неслужбено лице, ОК Наковски волеј ќе плати вкупна казна од 66.000 денари, тренерот Хари Наковски 30.000 денари, а клубот ќе игра на терен оддалечен најмалку 50 километри од првично пријавениот доколку се пласира во финалето од разигрувањето.

Со 15.000 денари е санкционирана одбојкарката на Јанта волеј, Ана Фасулева поради непримерно и неспортско однесување.

Мајсторката од серијата е утре во Кисела вода, а мечот ќе почне од 17.25 часот. Во иста фаза се и ГОК Борец и Шкендија кај мажите. Велешани вчера го искористија домашниот терен и победија со 3:2 за израмнување на 1-1 во низата, што значи дека ќе има мајсторка во Тетово в четврток.

Прва лига (мажи), полуфинале
ГОК Борец – Шкендија (1-1) 3:2 (13:25, 25:22, 25:23, 17:25, 15:12)
Работнички 71&22 – Струмица Никоб (0-2) 1:3 (18:25, 25:23, 14:25, 20:25)

Прва лига (жени), полуфинале
Јанта волеј – Наковски волеј (мајсторка, среда, 17.30 часот)
Фит фан волеј – Работнички Скопје (0-1) (денеска, 17.30 часот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот