Фаучи се надева на вакцина за коронавирусот до крајот на годината

Бројот на заразени со вирусот расте во околу половината од 50-те сојузни држави во САД.

Главниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, денеска изјави дека е „внимателен оптимист” за тоа дека вакцината за Ковид-19 ќе биде готова до крајот на оваа или почетокот на 2021 година.

Според него, следните неколку недели ќе бидат клучни за контролирање на коронавирусот во САД.

Фаучи и другите здравствени претставници, кои денеска беа на распит пред Одборот за здравство  на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изјавија дека од нив не било побарано да го забават тестирањето за коронавирусот. Тоа стана спорна тема откако американскиот претседател Доналд Трамп минатиот викенд кажа дека од нив побарал да го намалат тестирањето затоа што се откриваат премногу заразени лица.

-Ќе правиме повеќе тестови, рече Фаучи.

САД досега тестирале повеќе од 27 милиони луѓе, а околу 2,3 милиони или 8,4 проценти биле позитивни за коронавирусот.

Бројот на заразени со вирусот расте во околу половината од 50-те сојузни држави во САД.

-Тешко сме погодени сме, рече Фаучи и додаде дека е загрижен за зголемувањето на ширењето на инфекцијата во некои држави. Тој посочи дека во наредните неколку недели ќе биде клучно да се види дали ќе можат да го потиснат.

Фаучи, како шеф на Националниот институт за алергија и заразни болести, денеска пред законодавците разговараше заедно со директорот на Центарот за контрола на болести, д-р Роберт Редфилд, шефот на Федералната Управа за лекови (ДЕА) Стивен Хан и шефот на американската Служба за јавно здравје Брет Џироар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот