Фаучи дециден: Ковид-19 се развил во природата, не потекнува од кинеска лабораторија

epa08369949 Dr. Anthony Fauci, director of the National Institute of Allergy and Infectious Diseases speaks during a press briefing with members of the coronavirus task force in the Brady Press Briefing Room of the White House in Washington, DC, USA, 17 April 2020. EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Трамп и американскиот државен секретар минатата недела изјавија дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија во Вухан.

Американскиот експерт за инфективни болести и член на работната група за Ковид-19 на претседателот на САД, Доналд Трамп, д-р Ентони Фаучи изјави дека не постои научна основа дека новиот коронавирус е создаден во кинеска лабораторија или оти „побегнал” од лабораторија откако бил земен од дивина.

– Ако се погледне еволуцијата на вирусот кај лилјаците и што сега се случува, научните докази укажуваат дека не станува збор за вештачка или намерна манипулација. Се за постепената еволуција апсолутно укажува дека овој вирус се развил во природата, а потоа преминал од еден на друг вид, посочи Фаучи.

Трамп и американскиот државен секретар минатата недела изјавија дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија во Вухан.

Директорот на Светска здравствена организација за вонредни ситуации Мајкл Рајан вчера изјави дека СЗО не добила никакви докази или информации со кои би се поткрепиле тврдењата дека Ковид-19 е создаден во лабораторија.

– Од наша перспектива, ова и понатаму е шпекулација, посочи Рајан.

Тој повтори дека доказите кои ги има СЗО укажуваат на природното потекло на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот