ФА ја зголеми казната за расистички навреди

twitter.com/TallBrownGent

Ова се случува непосредно пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Ваквата мерка доаѓа по годишниот извештај на британската единица за антидискриминација „Кик ит аут”, кој покажа зголемување од 43 отсто на навреди на расна основа во англискиот фудбал во текот на изминатата сезона.

Минатата недела, Челзи воведе доживотна забрана на нивен поддржувач поради расистички навреди упатени кон крилниот напаѓач Рахим Стерлинг за време на натпреварот во Премиер лигата против Манчестер сити.

ФИФА ја удвои минималната забрана за расизам на десет натпревари минатиот месец. Казната од шест натпревари на ФА може да се зголеми „во зависност од дополнителни отежнувачки фактори”, како и во дискусиите со различни сопственици за тоа како најдобро да се справи со дискриминацијата во и надвор од теренот.

– Како дел од ова, ФА ја разгледува минималната казна за докажан расизам за време на натпреварите, барајќи позитивно и ефикасно решение за проблемот – се вели во соопштението на ФА.

Воедно ФА откри дека ги овластила главните судии да им покажат на менаџерите и луѓето во тренерскиот штаб жолти и црвени картони, што се соодветно предупредување и бркање.

Секој член на техничкиот персонал кој ќе добие четири жолти картони во текот на сезоната, автоматски ќе добие казна од еден меч, додека за осум, казната ќе биде два меча. Лицето кое ќе добие 16 жолти картони во сезона ќе биде обвинето за неприфатливо однесување и ќе се соочи со Независна регулаторна комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот