Евроволеј 2023: Македонија денеска против Холандија и најдобриот светски коректор Абдел-Азиз

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Денеска најдобрата македонска одбојкарска репрезентација ќе го игра четвртиот натпревар од групата „Ц“ на Европското првенство. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски од 17.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје ќе игра против селекцијата на Холандија.

Холанѓаните го имаат за многумина најдобриот светски коректор на денешницата, Нимир Абдел-Азиз. Потсетување дека „лалињата“ славеа против нас пред две години на ЕП во Тампере со 0:3 во сетови 20:25, 18:25, 22:25.

Дневните карти за Европското првенство во одбојка по цена од 500 и 750 денари се достапни ширум продажната мрежа на „МкТикетс.

По победата на Чешка против Црна Гора, нашите најдобри одбојкари и официјално обезбедија пласман во осминафиналето. За првпат Македонија во својата историја е меѓу најдобрите 16 одбојкарски репрезентации на европските првенства.

Сега играчите на Миленкоски имаат нова цел, а тоа е да се обидат во осминафиналната фаза да ја избегнат Италија, исто така еден од фаворитите за златниот медал на ова ЕП.

Моментно во групата „Ц“ води Полска (9:1), пред Холандија (10:4), на третото место е Македонија (6:4), пред Чешка (6:7), а на петтото и шестото место се Црна Гора (3:10) и Данска (4:12).

Во осминафиналето групата „Ц“ вкрстува со групата „А“, двојките на стартот од нокаут фазата ќе се дознаат по следниот принцип (А1 – Ц4, Ц1 – А4, Ц2 – А3, А2 – Ц3).

Моментно во групата „А“ првопласирана е Италија (12:0), пред Србија (9:4) и Германија (9:2). Зад нив на четвртата позиција е Естонија (3:11), петтопласирана е Белгија (3:9), а на дното е Швајцарија (2:12).

Потсетување дека и в среда од 20.00 часот Македонија ќе има уште еден важен меч против Чешка, нашиот тим најави дека ќе се обиде да дојде до позитивни резултати во последните два дуели од групата, во намерата да се избере „полесниот“ пат и да се игра против Србите или Германците во следната фаза.

ВИДЕО | Холанѓанец постави рекорд на Европското првенство во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот