Евровизија 2023: Во Ливерпул ги „напумпаа“ цените, до 9.000 евра за ноќевање

Фото: Pixabay

Само неколку дена откако беше објавено дека Ливерпул ќе биде домаќин на претстојниот Избор за песна на Евровизија, цените за ноќевање пораснаа, при што некои патници се соочија и со ненадејни откажувања на резервациите.

Организаторите на Евровизија која во 2023 година ќе се одржи во Ливерпул ги предупредија посетителите да не резервираат сместување по „пренапумпани“ цени.

Одлуката Ливерпул да биде домаќин на музичкото натпреварување беше донесена по големото надметување во кое имаше 20 градови во пошироката конкуренција.

Набрзо цените на сместувањето се зголемија од 512 на 9.000 евра за ноќ.

Крис Браун, директор за маркетинг, рекол дека во наредниот период подетално ќе се разговара за други опции, а ја споменал и можноста за крстарење и кампување.

Многу соби во градот се веќе резервирани за финалето на 13 мај на сајтот Booking.com.

Просечната цена на ноќевање во соба за таа ноќ е околу 1.000 фунти (1.139 евра).

Изнајмувањето на целата куќа само за таа вечер во просек изнесува речиси 9.000 евра.

Браун рекол дека организаторите се разочарани бидејќи некои луѓе виделе можност да профитираат од одлуката на Ливерпул да биде домаќин на Евровизија.

„На секој кому ќе му бидат понудени такви цени ќе му кажеме да не ги прифаќа“, додал тој.

Оние кои нашле сместување и пред објавувањето на одлуката за организација на Евровизија пријавиле дека резервациите им биле откажани.

Сместувањето подоцна повторно се појави во понудата, но по повисока цена.

Веста дека цените на сместувањето ќе скокнат по објавувањето на информациите кој е домаќин на Евровизија не ги изненади фановите на Евросонгот.

Организаторите ќе му се обратат на секој што ќе се однесува спротивно на духот и принципите поради кои е избран Ливерпул за домаќин, изјави маркетинг директорот на Евровизија 2023.

„Веќе се доделени голем број простории за изведувачи по цена која е прифатлива за Евровизија“, додал тој.

Локалните власти до крајот на неделата треба да презентираат и други опции за престој во и околу Ливерпул.

Една од можностите би можело да биде престој во Манчестер и Чешир, кои се на еден час возење од Ливерпул, кога не е работно време.

Ливерпул е избран за домаќин откако беше проценето дека овогодинешниот победник Украина, поради руската инвазија нема да може да го организира натпреварот.

За земја домаќин беше избрана Велика Британија откако нејзиниот претставник Сем Рајдер го освои второто место годинава.

Организаторите ветија дека украинскиот народ ќе добие можност да се претстави како што заслужува на овој натпревар.

Организаторите проценуваат и дека голем број гости за време на Евровизија би ја наполниле градската каса и би донеле дополнителни 34 милиони евра во градската каса.

Два британски града остануваат во трката за град-домаќин на Евровизија 2023

Европската радиодифузна унија одлучи: Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот