Евростат објави колку стока има во Европа

Крави / Фото: Архива на „Слободен печат“

Европската статистичка служба Евростат објави дека на крајот од 2021 година била избројана значителна популација на добиток меѓу земјите-членки. Во декември 2021 година во ЕУ имало 142 милиони свињи, 76 милиони говеда, 60 милиони овци и 11 милиони кози. Но, како што наведува европската статистичка институција, најголем дел од добитокот во Европа се огледува во само неколку земји.

„Поголемиот дел од добитокот на ЕУ се одгледува во само неколку земји-членки на ЕУ. Општо земено, поголемите земји-членки одгледувале најмногу добиток. Во Шпанија се одгледува 24 отсто од свињите во ЕУ, додека 9 отсто од говедата во ЕУ, 25 отсто од овците во ЕУ и 23 отсто од козите во ЕУ“, се наведува во соопштението на „Евростат“.

Девет проценти од вкупниот број на свињи во ЕУ се во Франција, како и 23 проценти од говедата во унијата, 12 отсто од овците во ЕУ и 12 проценти од козите. Германија исто така има солидно учество во вкупните бројки, и во оваа земја биле одгледани 17 проценти од свињите во ЕУ, 15 отсто од говедата, три проценти од овците и еден отсто од козите.

„Имаше и други земји-членки кои беа релативно специјализирани. Данска сочинува 9 отсто од популацијата на свињи во ЕУ, а Холандија осум. Ирска сочинува 9 проценти од популацијата на говеда во ЕУ. Романија сочинува 17 отсто од популацијата на овци во ЕУ. Во Грција се одгледуваат најголем број од козите, и тамошната популација на кози опфаќа 25 отсто од популацијата на кози во ЕУ – пишува во соопштението на „Евростат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот