Европските социјалисти и демократи со осуда: Џамбаски покажа бесрамно непочитување на европските вредности

Европски парламент /Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент ги осудија изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и неговиот говор на омраза. Заедничката изјава за осуда на таквата политичка кампања на Џамбаски ја потпишаа пратениците Андреас Шредер како шеф на делегацијата за Северна Македонија, Тонино Пицула, координатор за надворешни работи и Матјаж Немец, известувач во сенка за Северна Македонија.

„Ги осудуваме неодамнешните изјави на европратеникот Ангел Џамбаски кој го навредуваше и му се закануваше на претседателот на Северна Македонија, покажувајќи бесрамно непочитување на европските вредности. Европската Унија се стреми за надминување на историските разлики, како и за промовирање на мирот, демократските вредности, добросостојбата на луѓето и соработка за заедничка иднина на Западен Балкан. Инсистираме Бугарија и Северна Македонија да ги продолжат нивните напори кон добрососедски односи. Како било прекршувања на овој дух се неприфатливи и мора да се избегнуваат.  Затоа апелираме да нема каква било поттикнувачка реторика со која се собираат политички поени и се провираат националистички идеологии“, пишува во заедничката изјава.

Европските прогресивци сметаат дека изјавите на Џамбаски се против основните принципи на ЕУ и Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија. Убедени сме дека безбедносните власти во Северна Македонија ќе направат се за да го заштитат мирот, стабилноста и јавниот ред. Тие уште додаваат дека ова прашање ќе го покренат и пред претседателот на Европскиот парламент и и пред водството на Групата на конзервативците.

Социјалистите и демократите во Европскиот парламент истовремено го осудуваат и инцидентот што се случи на 19 јануари во Охрид.

„Ја повторуваме поддршката на групата на социјалистите и демократите за стратешкиот избор на Северна Македонија за членство во ЕУ, базирано на владеење на правото, мултиетничка хармонија, отворен демократски дијалог и добрососедски односи“, заклучуваат европратениците во заедничката изјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот