Европол: Совладан најопасниот малициозен софтвер во светот

 Властите во неколку земји, вклучувајќи ги Холандија, Германија, САД, Велика Британија и Франција, ја презедоа контролата врз најопасниот малициозен софтвер во светот, соопшти денеска европската полициска агенција Европол и Европската канцеларија за судска соработка Евроџаст.

Според двете организации, станува збор за ЕМОТЕТ, софтвер кој работи врз основа на „ботнет”, мрежа на хакирани компјутери што овозможи испраќање малициозни електронски пораки од големи размери.

– Силите за спроведување на ред и правосудните власти ширум светот оваа недела ја прекинаа работата на една од најважните мрежи во минатиот век, истакнаа Европол и Евроџаст во заедничко соопштение.

– Истражителите ја презедоа контролата врз инфраструктурата на мрежата како дел од координирана меѓународна операција што овозможи таа да се уништи одвнатре, додаваат Европол и Евроџаст.

– ЕМОТЕТ беше повеќе од малициозен софтвер. Беше толку опасен затоа што кибер криминалците можеа да го употребат за да инсталираат други видови малициозен софтвер како Тројански коњ и рансомвер на компјутерот на жртвата, велат двете агенции со седиште во Хаг.

Европол и Европравда сметаат дека ЕМОТЕТ е еден од главните елементи на кибер криминалот во светот и го користат и други оператори со малициозен софтвер, како што се Трикот и Рјок.

Во минатото, ЕМОТЕТ преку електронска пошта пристигнуваше во форма на фактури, сметки и информации за Ковид-19. Сите електронски пораки содржеле малициозни ворд документи во атачмент или се преземани со кликнување на линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот