Евакуирани лица од пожар во прилепско

фото МИА

Две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години од прилепското село Ракле попладнево, поради опасност од пожар во тоа подрачје, биле евакуирани од полицијата и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син.

Како што соопшти МВР, луѓето биле евакуирани откако околу 14 часот била добиена пријава во ОВР Прилеп дека во село Ракле има двајца стари неподвижни луѓе кои се во опасност поради настанат пожар.

– Полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото. За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син, информира Министертството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот