Еурофарм на чекор со СЕХА лига, Брестовац поднесе оставка

фото: РК Металург

Екипата на Еурофарм Работник го направи првиот чекор кон обезбедување пласман во СЕХА лигата, откако во второто коло од ракометната Суперлига со 32:25 како гостин го совлада Металург чиј тренер Данило Брестовац веднаш по натпревар си поднесе оставка.

Бидејќи Вардар е огромен фаворит за освојување на титулата во македонскиот шампионат, а две места водат во СЕХА лигата, токму дуелите помеѓу Металург и Еурофарм треба да го дадат вториот патник во регионалното натпреварување. Затоа победата на битолскиот тим добива на тежина и доколку во вториот дуел на домашен терен остане непоразен тогаш тие ќе му прават друштво на Вардар во СЕХА.

Гостите од Битола беа подобар тим во текот на сите 60 минути, резултатската неизвесност беше присутна до 20 минута (8:8), а потоа Еурофарм со серија од три гола дојде до предност која знаеше како да ја зачува до крајот на натпреварот.

Филип Кузмановски и Милан Ѓукиќ со по седум голови беа најпрецизни кај Еурофарм, а ист број голови постигна и Танковски во дресот на Металург.
Веднаш по натпревар, тренерот на Металург, Данило Брестовац си поднесе неотповиклива оставка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот