ЕУ бара од Бугарија сама да одлучи како најдобро да ги обезбеди надворешните граници

Република Бугарија/ Фото: МИА

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, потврди дека неговата институција не финансира огради и ѕидови на надворешните граници.

Оваа потврда доаѓа откако Австрија сугерираше Европската Комисија да и помогне на Бугарија финансиски во изградба на огради на надворешната граница, но Европската Комисија има строги правила во овој поглед.

Ова го потврди и Ерик Мамер денеска.

Тој сепак потсети дека Европската Комисија има други начини како да ја поддржи Бугарија во обезбедувањето на својата надворешна ЕУ граница. Мамер потсети дека агенцијата Фронтекс е присутна во Бугарија со 137 офицери и дека повеќе милиони евра помош се предвидени за Бугарија во рамките на политиката за внатрешни работи на ЕУ, меѓу другото преку опрема за разузнавање и безбедност.

Портпаролот исто така истакна дека управувањето на надворешната граница на ЕУ во Бугарија не зависи само од Бугарија туку од целата источна рута со Турција.

Но, Бугарија, рече тој, треба сама да одлучи како најдобро да ја обезбеди надворешната граница на ЕУ што се наоѓа на бугарска територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот