„Ерсте банка“: Преспанскиот договор ќе има полза за Северна Македонија – Слободен печат
ВестиЕкономија

„Ерсте банка“: Преспанскиот договор ќе има полза за Северна Македонија

Според проценката, банката очекува земјава оваа година да има раст на БДП-то од 2,9 проценти, а во 2020 година да достигне 3,3 проценти.

Северна Македонија може да очекува период на забрзан раст на среднорочен план поттикнат од крајот на политичката неизвесност, потрошувачката и обновената инвестициска активност, откако земјата го заврши речиси тридеценискиот спор со Грција околу името, покажува новиот извештај на „Ерсте банка“.

Според проценката, банката очекува земјава оваа година да има раст на БДП-то од 2,9 проценти, а во 2020 година да достигне 3,3 проценти, со нов раст на инвестициите како клучна разлика во споредба со досегашните трендови.

Стапката на невработеност, пак, според извештајот на банката, ќе се спушти на 20 проценти годинава, а вработеноста ќе достигне близу 53 проценти, поткрепени со владини субвенции за работодавачите од приватниот сектор.

„Јавните инвестиции во 2018 година, во голема мера беа во застој поради политичката неизвесност, така што оваа година очекуваме пораст на капиталните инвестиции со интензивирањето на изградбата на автопатите“, се вели во извештајот.

Според банката, триумфот на лево-ориентираниот кандидат Стево Пендаровски во тесната трка за претседател на државата над кандидатот на опозицијата Гордана Силјановска Давкова може де факто да се сфати како став во однос на неодамнешната промена на името на државата, како и посветеноста кон НАТО и ЕУ интеграцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close