Ердоган вели дека Ерменија ќе има последици по „неприфатливиот однос“ кон Азербејџан

Ердоган и азербејџанскиот претседател Алиев / Фото: EPA/MURAD SEZER / POOL

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека „односот на Ерменија кон Азербејџан е неприфатлив“ и дека земјата поради тоа ќе има последици.

„Сметаме дека ситуацијата што настана се должи на неприфатливото ерменско кршење на договорот постигнат по војната во 2020 година, што резултираше со победа на Азербејџан“, рече Ердоган во Анкара, откако беа обновени пограничните судири меѓу двете кавкаски земји во спорната област Нагорно Карабах, а во двата дена борбите имаше десетици загинати војници на двете страни.

Ерменија и Азербејџан си ја префрлаат одговорност околу избувнувањето на новиот конфликт.

Во Ереван беше објавено дека азербејџанските војници ја гранатирале територијата на Ерменија со артилериско оружје и со помош на беспилотни летала. Според ерменските влати, биле нападнати неколку погранични области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот