Ердоган: Турција го тестираше С-400, не се важни заканите од САД

Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција. / Фото: Профимедиа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска потврди дека Анкара го тестирала системот за противвоздушна одбрана С-400 што го купи од Русија, наведувајќи дека нема да бара дозвола од САД.

Како што пренесуваат агенциите, Ердоган рече дека приговорите на САД по тоа прашање „не се важни”.

Турските вооружени сили го тестираа С-400 на северот на земјата, во близина на градот Синоп, од 13 до 17 октомври, што предизвика лута реакција од Вашингтон, пренесува РИА Новости.

Вашингтон оцени дека купувањето на системот С-400 од Русија претставува закана за одбраната на НАТО и се закани на Анкара со санкции. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот