Ердоган: Не сакаме ескалација, но Грција може скапо да плати

Фото: EPA-EFE/STR

Во четвртокот, Ердоган предупреди на „високата цена“ која Грција ќе ја плати ако Оруц Реис биде нападнат.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди денеска Грција дека неговата земја ќе одговори на секој напад врз својот истражувачки брод Оруц Реис во Источен Медитеран, откако изби спорот меѓу двете земји членки на НАТО околу истражувањето на подморјето во регионот.

Турција и Грција водат спор околу територијалните води чии подморја се богати со енергенси, а тензиите нараснаа во понеделникот кога Анкара испрати истражувачки брод во спорниот дел од Средоземјето, со придружба на воени бродови.

Обраќајќи се пред новинарите во Истанбул денеска Ердоган рече дека еден од воените бродови кој го придружува Оруц Реис – Кемал Реис – „одговорил на нужен начин“ на нападот од грчки воен брод во четвртокот.

„Ако тоа продолжи, ќе добијат одговор“, рече тој.

Во четвртокот, Ердоган предупреди на „високата цена“ која Грција ќе ја плати ако Оруц Реис биде нападнат.

Турскиот министер за надворешни работи претходно во Женева рече дека неговата земја не сака ескалација на напнатоста со Грција во Источниот Медитеран, нагласувајќи дека Анкара ја смета Атина за одговорна за тензиите.

„Не сакаме ескалација, но Грција треба да дејствува согласно здравиот разум“, рече шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на конференцијата за новинари со својот колега во Женева.

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе разговараат во текот на денот за спорот на Турција и Грција во Источен Медитеран на вонреден состанок.

Грчкиот министер истиот ден поради тоа во Виена ќе се состане со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот