Ердоган му се заблагодари на Путин за помошта во гаснењето на шумските пожари

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија ќе и испрати на Турција пет авиони и три хеликоптери за да помогнат во гаснењето на пожарите што беснеат во земјата, јави Агенција Анадолија (АА).

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска оствари телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин, соопшти Кабинетот за комуникации при турското Претседателство.

За време на разговорите, Путин порачал дека Русија ќе  пружи поддршка на Турција во борбата со пожарите и најавил дека на Турција ќе и бидат ставени на располагање пет авиони „Илјушин-76″ со капацитет од 40 тони вода и уште три хеликоптери за гаснење на пожарите.

Путин упатил зборови на солидарност и поддршка за Турција во овие тешки моменти, за што Ердоган му се заблагодари, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот