Ердоган, Мицотакис, Ди Мајо и Салвини први му честитаа на Рама за победата на изборите

epa09044909 Albania Prime Minister Edi Rama during a joint press conference after an EU - Albania Association Council meeting in Brussels, Belgium, 01 March 2021. EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

По соопштувањето на изборните резултати од страна на Централната изборна комисија, до лидерот на Социјалистичката партија, Еди Рама пристигнаа и првите честитки.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонски разговор му честитаа на Рама за постигнатиот резултат, со кој обезбедува трет последователен мандат.

Честитки за изборниот резултат Рама доби и од италијанскиот министер за надворешни работи Ди Мајо и лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини.

На плоштадот Скендербег се одржува прослава на победата каде Рама се појави заедно со сопругата Линда. Тој претходно повика да присустува „секој кој сака да ја прегрне победата”.

Во седиштето на Демократската партија Љуљзим Баша одржува средба со претседателите на општинските организации.

Во меѓувреме членот на претседателството на ПД, Фатбард Кадили, побара оставка од Баша од лидерската функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот