ЕП 2024: Австрија ги загуби шансите за полуфинале по поразот од Исланд

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Ракометната репрезентација на Австрија испадна од трката да се најде меѓу првите две позиции од групата „1“ во главната фаза на Европското првенство.

Австријците, кои беа едни од најголемите изненадувања на шампионатот, загубија денеска од Исланд со 26:24.

Во победничките редови доминираше Гудјонсон со девет погодоци, седум запиша Палмарсон. На спротивната страна седум голови забележа Вагнер.

Доколку триумфираше Австрија, ќе требаше да чека порази на главните конкуренти Германија и Унгарија за да се најде на втората позиција.

Веќе се знае дека Франција која го освои првото место во групата „1“ во полуфиналето ќе игра против второпласираната од групата „2“, Шведска.

Второпласираната од групата „1“ и ривалот на Данска во борбата за медали ќе се дознае по вечерашните дуели: Франција – Унгарија (18.00 часот) и Германија – Хрватска (20.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот