ЕП 2022: Сите мечеви од прелиминарната фаза Македонија ќе ги игра во ист термин

Македонија се подготвува за ракометното ЕП 2022/фото: РФМ

Денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави термините во кои ќе се играат натпреварите на следниот континентален собир во женска сениорска конкуренција кој ќе се одржи од 4-20 ноември 2022 година во Словенија, Црна Гора и Македонија.

Како што е познато нашата најдобра селекција мечевите од прелиминарната рунда ќе ги игра во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во групата „Ц“ со Франција, Холандија и Романија.

Како што објави ЕХФ, сите три натпревари Македонија ќе ги игра од 18.00 часот, а термините за вторите мечеви е 20.30 часот.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе стартуваат против Французинките на 5 ноември, два дена подоцна ривали се Холаѓанките, а на 9 ноември се соочуваат со Романките.

Термините и распоредот на натпревари за ЕП 2022 можете да ги погледнете на официјалниот веб сајт на ЕХФ

ЕХФ додава дека ова ЕП за жени ќе биде последното со 16 репрезентации, а следното Европско во 2024 во Австрија, Унгарија и Швајцарија ќе учествуваат 24 репрезентации.

Разговор со Љубомир Савевски: Мора да направиме спој на младост и искуство во репрезентацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот