Енди Мари сака да стане премиер на Шкотска?!

EPA-EFE/JOEL CARRETT

Тенисерот на „твитер“ навести дека е заинтересиран за таа позиција, по оставката на Никола Старџн, што медиумите на Островот го протолкуваа како шега

Тенисерот Енди Мари преку социјалните мрежи изрази желба да ја замени шкотската премиерка Никола Старџн, откако таа неодамна најави дека е време да се повлече од функцијата.

Медиумите оваа изјава на Мари ја протолкуваа како шега, а истото тоа го стори и премиерката.

– Интересна позиција. Имав намера да се посветам на политиката кога ќе престанам да играм – објави Мари на „твитер“, коментирајќи го заминувањето на Старџн.

Таа веднаш реагираше на „твитот“, со свој шеговит коментар.

– Знам дека најавив оти нема да посочам никого како мој наследник, но… – коментираше Старџн на „твитер“.

Сепак изгледа Мари се уште нема намера да се откаже од спортската кариера. Тој стигна до третата рунда на Австралија опен, со што покажа дека се уште може да игра на врвно ниво.

Мари неодамна ја доби хуманитарната награда „Артур Еш“, вторпат. Сите средства што ги доби (над 500.000 фунти), ги даде за жртвите на војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот