Ембид се теши покрај бразилска секс бомба (ФОТО) – Слободен печат
КошаркаСпорт

Ембид се теши покрај бразилска секс бомба (ФОТО)

Елиминацијата на Филаделфија од Торонто во плејофот во НБА лигата, најтешко му падна на Џоел Ембид, кој утеха најде во прегратките на неговата девојка, манекенката Ана де Паула.

Кошаркарите на Филаделфија се елиминирани во плејофот во НБА лигата со сензационалниот кош на Каваи Ленард во последната секунда, а тоа најтешко му падна на Џоел Ембид.

Тој паркетот го напушти со солзи во очите, жалејќи за пропуштената шанса но и поради тоа што Ленард победничкиот кош го постигна преку него.

Ембид не успеа да го смири ниту центарот на Торонто, Марк Гасол, но затоа тоа и успеа на атрактивната бразилска манекенка, Ана де Паула.

View this post on Instagram

Todays vibes

A post shared by ANNE DE PAULA (@annedepaula_) on

Ембид и Ана де Паула се во врска неколку месеци и воопшто не се срамат да покажат и пред јавноста дека се лудо вљубени. Тоа често го прават на социјалните мрежи, а сега беа „уловени“ и пред ТВ камерите.

Двојката прв пат заедно е видена во октомври минатата година, кога Филаделфија беше на турнеја во Кина, а доказ дека Ембид е лудо вљубен во атрактивната Бразилка е тоа што се поретко е на социјалните мрежи.

–  Не се сеќавам кога последен пат нешто објавив на интернет. Бев премногу зафатен, секој слободен миг го минувам со својата девојка – изјави неодамна Ембид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close