Елтон Џон за Мајкл Џексон: Беше ментално болна, вознемирувачка личност

Фото: Профимедиа

Сер Елтон Џон во своите мемоари го нарече „кралот на попот“ Мајкл Џексон „ментално болна, вознемирувачка личност“.

Автобиографијата на 75-годишниот музичар наречена „Јас: Елтон Џон“ е полна со шокантни откритија од неговиот живот под рефлекторите, а во еден дел тој детално ја опишува неговата поврзаност со починатиот Џексон.

Фото: Профимедиа

Во текот на својот живот, Џексон често беше опкружен со различни контроверзии, а неодамна беше и тема на осудувачкиот документарен филм „Напуштање на Неверланд: Мајкл Џексон и јас“, во кој Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон зборуваа за тоа како биле како деца поканети на ранчот на пејачот на врвот на неговата слава и го обвинија за долгогодишна злоупотреба.

Елтон Џон истакна дека Џексон бил многу сладок кога бил „само детска ѕвезда“ и дека немало знаци на лошо однесување, но потоа раскажал како значително се почувствувал пресвртот во неговиот живот.- Во одреден момент растејќи почна да се одвојува од светот и од реалноста на начин на кој тоа го правеше Елвис Присли – тврди Елтон Џон.

Детали од дневникот на Мајкл Џексон: Стравувал дека ќе го убијат, посакувал бесмртност и 20 милиони долари неделно

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот