Екстрадиција: Албанија го испорача „вујкото” во Ндрангета на Италија

Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Албанскиот државјанин Бујар Сејдини, кој во криминалната италијанска организација „Ндрангета“ е попознат под прекарот џаџаи (вујко), е екстрадиран во Италија чии власти го бараат за трговија со дрога.

Сејдини, кој беше уапсен уште во јули во Тирана, вчера и беше предаден на италијанската полиција, а тамошните институции го сомничат дека бил инволвиран во шверц на кокаин и дека од Италија патувал за Шпанија по бавка на 20 килограми дрога, пренесува порталот „Егзит”.

Неговата екстрадиција во Италија беше одобрена во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот