Експлозија во подрум од зграда во Аеродром, мајстори сечеле метална конструкција

Илустрација / фото: Piqsels

Еден човек е повреден вчера претпладне, кога додека работници сечеле метална конструкција, настанала експлозија во подрум од зграда во скопската населба Аеродром, соопшти полицијата.

„На 20.10.2021 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подрум од зграда на ул.„Методија Шаторов Шарло“ настанала експлозија при што Љ.С.(58) од с.Љубанци, скопско, се здобил со повреди по телото“, соопшти полицијата.

Според пријавеното, експлозијата настанала додека Љ.С. и И.Ј.(49) сечеле метална конструкција.

Увид извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот