Експлозии на неколку места на Крим

Крим / Фото: Arthur Lookyanov / Alamy / Alamy / Profimedia

Многубројни експлозии одекнаа рано утринава на неколку места низ рускиот анектиран Крим, објавија руски и украински медиуми, а руските социјални мрежи објавија дека системите за противвоздушна одбрана ги одбиле нападите. На Телеграм канал поврзан со руските агенции за спроведување на законот беше објавено дека Украина испратила голем број беспилотни летала на полуостровот Крим и дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку еден над пристаништето Севастопол.

Според првите информации на каналот, нема жртви. Според украинските канали за надзор, експлозиите се случиле во Севастопол и Саки, каде Русија има воздухопловна база, како и неколку други места на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Нападите против цели под контрола на Русија се интензивираа во последните две недели, особено на Крим. Украина, иако не потврдува никаква улога во нападите, вели дека уништувањето на инфраструктурата е подготовка за планиран копнен напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот