Експертите се сомневаат во постоење на механизми за фер и демократски избори

Кандидатите за претседател на државата денеска потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Сите освен еден, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Сепак неретко може да се слушне од експерти дека постојат сомнежи за тоа дали Македонија има воопшто механизми за изборите да бидат целосно фер и демократски.

Во таа насока оди и реакцијата на универзитетскиот професор Мерсел Биљали кој во емисијата „24 анализа“ рече дека потпишувањето на кодексот нема некое значење и нема никакви механизми со кои може да се контролираат фер и демократски избори.

„Треба да се воспостават и почитуваат кодекси за фер и демократски избори. Кај нас и законот кога нешто императивно предвидува, тоа многу тешко да се почитува. Партиите тоа го прават за јавноста. Претседателот според меѓународното и внатрешно право е татко на нацијата и не треба да биде партиски човек. Се бара авторитативен човек кој постигнал многу во сите области и како личност има сила. Тоа ние го немаме“, вели Биљали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот