Експерт на СЗО: Информирајте се за коронавирусот, јавноста мора да биде подготвена

Земјите ширум светот мора да се подготват за избивање на епидемија на новиот коронавирус и мора да бидат подготвени кога тој ќе стигне до нив, изјави експерт од Светската здравствена организација (СЗО), а пренесе „Хина“.

– Размислувајте како утре дека ќе се појави вирусот. Ако не размислувате така, нема да бидете подготвени – рече д-р Брус Ајлвард, шеф на заедничката мисија на СЗО и Кина.

Тој неколку пати повтори дека е важно да се едуцира јавноста за коронавирусот.

– Бидете организирани, искористете го времето кое го имате на располагање бидејќи тоа ќе зачува бројни животи – истакна тој.

Ајлвард додаде дека „неверојатната“ кинеска мобилизација за сузбивање на вирусот се покажала како агресивна јавноздравствена политика која може да е ефективна.

– Кина знае како да ги зачува животите на луѓето – нагласи експертот на СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот