Екс директорка силувала и злоставувала ученици, училиштето и купило карта да избега од Австралија

Фото: ajn.timesofisrael.com

Суд во Израел нареди испорачување на поранешната директорка Малка Лејфер (53) во Мелбурн за да соочи со лицето на правдата и десетиците обвиненија за сексуално злоставување на деца што наводно ги направила додека била на чело на едно православно училиште во Австралија.

Против Лејфер има поднесено 74 обвиненија во врска со сексуално злоставување на деца додека управувала со училиштето Адас Израел во Елстернвик, во југоисточниот дел на Мелбурн.

Одлуката на Судот е донесена денеска, па поранешната директорка ќе биде екстрадирана во сојузната австралиска држава Викторија на соочување со обвинувањата.

Лејфер со години се бореше против барања за нејзина испорака на австралиските власти. Таа избега од земјата во 2008 година, веднаш по првите објави за наводно сексуално злоставување на ученици. Училиштето во кое работеше и го купи авионскиот билет за Израел, каде беше сиот изминат период.

Израелскиот суд во 2017 година ја прогласи како неспособна за судење поради ментална болест, но, сепак, беше уапсена во 2018 година. Откриено е дека здрав и нормален живот, а со тајна камера била снимена како со леснотија ги извршува обврските. Таа ги отфрла обвинувањата и вели дека е невина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот