Ејупи поради здравствени проблеми ја заврши кариерата!

фото: nk-slaven-belupo.hr

Поранешниот македонски репрезентативец ја прекина фудбалската кариера, пренесува неговиот досегашен клуб од Хрватска, Славен Белупо.

Музафер Ејупи (31) поради животни околности е принуден да ја заврши професионалната фудбалска кариера.

Своевремено на репрезентативен план двапати го носеше сениорскиот дрес, а во клупската кариера беше дел уште од Вардар, Металург, Карталспор, Шкендија, Турново, Сонглка јунајтед и Осиек.

– Физички и психички сум навистина уморен. Здравствени проблеми низ кои поминав и низ поминувам оставија трага на мене. Иако, благодарност до Бога, сè е под контрола и стабилно, тоа не е доволно на тренинзите и натпреварите да бидам на потребното ниво на кое што бев претходно. Шест месеци во клубот навистина го давав максимумот, и последните сили од мене, но едноставно не се чувствував најдобро. Здравјето е нешто што мораме најмногу да го цениме, така што почувствував дека ова е моментот да му кажам збогум на фудбалот – стои на клупската страница.

Здравствените тегоби кои го погодија Ејупи се случија во најлош можен момент, што се однесува до фудбалот, бидејќи во тој момент во Осиек беше на врвот на својата кариера.

Пред два месеци дури и физички заедно со уште еден пријател биле нападнати од едно лице наводно поради паркинг место, по што доби незгодна повреда над десното око.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот