ЕХФ ги одреди термините за Вардар: „Црвено-црните“ стартуваат на 16. септември во Мешков, речиси сите домашни натпревари во вечерен термин
Европската ракометна федерација во соработка со клубовите и ТВ куќи кои ги имаат правата за пренос на натпреварите од ЕХФ Лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за првите 10. кола од групната фаза за новата сезона.
Новитет е што во новата сезона, натпреварите во Лигата на шампионите ќе се играат преку недела, односно во среда или четврток. Засега единствено нема Единствено нема потврда за дуелот со Кјелце од осмото коло коетреба да се игра на 25/26. ноември.
Вардар сезоната ќе ја започне во Белосурија и тоа на 16. септември кога ќе му гостува на Брест Мешков. Првиот наптревар на домашен терен ќе биде за осум дена кога „црвено-црните“ ќе го пречекаат Елверум (20.45 ч.), а интересно е што сите натпревари во салата „Јане Сандански“ ќе започнат во 20.45 часот, со исклучок на дуелот со Киелце закажан за 19. ноември кој ќе се игра од 18.45 часот.
Од сезонава лигата на шампионите ќе се игра само во две групи. Вардар е во група со: ПСЖ, Кјелце, ПИК Сегед, Мешков, Порто, Елверум и Флензбург.
Термини за натпревари на Вардар:
1. коло 16. септември: Мешков Брест – Вардар 1961 (18:45 ч.)
2. коло 24. септември: Вардар 1961 – Елверум (20:45 ч.)
3. коло 1. октомври: ПИК Сегед – Вардар 1961 (18:45 ч.)
4. коло 15. октомври: Вардар 1961 – Фленсбург (20:45 ч.)
5. коло 22. октомври: Вардар 1961 – Порто (20:45 ч.)
6. коло 29. октомври: ПСЖ – Вардар 1961 (20:45 ч.)
7. коло 19. ноември: Вардар 1961 – Кјелце (18:45 ч.)
8. коло 25/26. ноември: Кјелце – Вардар 1961
9. коло 3. декември: Порто – Вардар 1961 (20:45 ч.)
10. коло 10. декември: Вардар 1961 – ПСЖ (20:45 ч.)