Едно лице загина во судар на македонски камион и автомобил во Бугарија

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Едно лице загина по судар на македонски камион кој превезувал руда од рудниците за олово и цинк „Саса” и автомобил „опел” кај местото Зелен Дол во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.

Инцидентот, како што јавуваат повеќе бугарски медиуми, се случил кај местото Зелен Дол синоќа околу 20 часот, на патот  Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево, на кружниот тек кој се вклучува на автопатот Струма.

Од ударот загинал возачот на автомобилот, а во несреќата од резервоарот на камионот истекло големо количество гориво. Сообраќајот на патниот правец III-106 Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево во атарот на село Зелен дол, поради несреќата бил времено ограничен во двата правци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот