Единаесет прашања за Елена Велевска: Секојдневно работам на тоа да бидам најдобра верзија од себе

Никогаш досега не сум имала потреба од практикување на диета. Вежбам толку колку што домашните и професионалните обврски ќе ми дозволат, внимавам на исхраната и консумирам многу вода, вели Велевска.

Атрактивната пејачка Елена Велевска се гордее и со својот карактер и со својот живот. Таа е мајка на три деца, среќна е што го работи тоа што го сака, што ја исполнува, горда е кога на нејзин концерт ќе ја види публиката како со неа пее во еден глас. Вели дека е горда и на своите родители, на сестра ѝ, семејството, пријателите и соработниците.

Ако можеш да смениш нешто на себе, што би било тоа?

– Кога е во прашање физичкиот изглед, нема нешто што би сакала да го сменам, задоволна сум како изгледам, работам секојдневно на тоа да бидам најдобра верзија од себе.

Кои квалитети најмногу ги цениш кај пријателките?

– Искреноста, посветеноста, пожртвуваноста.

Што е тоа што навистина не можеш да го поднесеш?

– Немањето домашно воспитување, вулгарноста, бесчуствителноста која сè повеќе се шири, убивањето животни, луѓето кои си дозволуваат премногу да се мешаат во нечиј живот, плукањето по сè она што не заслужува и она што во последно време зема преголем замав, за жал, интернет -насилството.

Претпочиташ да те сметаат за секси или за елегантна?

– Индивидуално е, и секој има право да ме доживувава на начин на којшто сака. Јас себе не се доживувувам како секс-симбол, а кога е сцената во прашање, сакам да експериментирам, некогаш да изгледам секси, некогаш елегантна, сè зависи од приликата.

Веруваш ли во прв впечаток?

– За мене првиот впечаток не е клучен во градењето на еден однос.

Ако твојот карактер би имал парична вредност, која особина би била најскапа?

– Искреноста, дефинитивно, иако досега ме чинела многу, секој не сака да ја слушне, но не се оди против себе.

Специфична исхрана? Диети? Или многу вежбање за фит форма?

– Никогаш досега не сум имала потреба од практикување диета. Вежбам колку што домашните и професионалните обврски ќе ми дозволат, внимавам на исхраната и консумирам многу вода.

Трикче од „домашната кујна“ за нега на лице, коса или тело?

– Не постои некој посебен трик, освен тоа што внимавам на негата на лицето и телото и тоа им го препуштам на професионалци.

Дали некогаш си загубила драга личност од глупава причина?

– Не, мојот круг на пријатели е мал и внимавам на тој наш однос, ги почитувам, ги сакам и сум неизмерно среќна што ги имам до себе. Некогаш знам да бидам здодевна со тоа што кажувам колку ми значат, колку ги сакам, исто така е и со семејството.

Тешко ли е да се биде жена во естрадниот свет?

– Кога го работиш она што го сакаш, не постои нешто што е тешко, туку напротив, привелегија е. Среќна сум кога за мој концерт се бара билет повеќе, што на естрадата постојам 24, можеби 25 години. Некогаш тоа знае да биде напорно, но далеку е од тешко. Се случувало да не ми е до пеење, но кога ќе излезам на сцена, сè се заборава. Кога работата ја работиш посветено и чесно, успехот е загарантиран.

Како реагираш на насилство?

– Бесно, луто. Не сакам и не можам да ја сфатам каква било форма на насилство, особено кон некој кој е послаб, немоќен. Она што во последно време ме прави особено лута е дигиталното насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот