Еден загинат и десетмина повредени во сообраќајка кај Струмица

На местото на несреќата забележливо беше силно полициско обезбедување, против пожарно возило и возило на итната медицинска помош.

Едно лице загина, а десет се потешко и полесни повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи во 18:50 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, објави Територијалната противпожарна единица на Струмица, која во извлекувањето на настраданите користела специјални хидраулични алатки.

Според очевидци во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина. Бегајќи од полицијата најпрвин удрил во автомобил, во кој бил загинатиот, а педесетина метри потоа излетал од патот и се забил во ѕид.

Сообраќајот кон Струмица е во прекин и се насочува по стариот пат преку селото Добрејци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот