Еден податок е на страната на Медведев пред финалето со Ѓоковиќ

Русинот Медведев ќе се обиде преку Ѓоковиќ да стигне до првата грен слем титула/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Денеска од 22.00 часот по македонско време во Њујорк (САД) првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ за трофејот на „УС Опен“ ќе игра против вториот носител на грен слем турнирот, Данил Медведев.

Србинот сака да испише историја, а Русинот ќе се обиде да го спречи на тој пат. Ѓоковиќ цели да го комплетира календарскиот грен слем и да ги престигне Рожер Федерер и Рафаел Надал по бројот на грен слем титули, а Медведев сака да го подигне првиот трофеј од еден од четирите најголеми турнири.

Во пресрет на почетокот на тој дуел пристигнаа разни изјави, најави, статистички параметри, па меѓу нив се појави и еден многу интересен податок.

Имено, на патот до своето 31 грен слем финале, Ѓоковиќ помина 1046 минути на теренот! Тоа никогаш порано не му се случило. И, интересно е што тој само трипати ја премина бројката од 1000 минути на теренот пред мечот за титулата, и сите три пати се случи оваа година. На Австралија Опен (1005 минути) и Ролан Гарос (1002 минути).

Фановите се пошегуваа на социјалните мрежи дека годините го стигнаа и тоа е главната причина. Медведев е значително поодморен, односно помина 642 минути на теренот, што е голема разлика.

Историски успех на Радукану: Преку квалификациите до титулата на УС Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот