67 новозаболени со Ковид-19 во земјава, уште едно лице почина

Фото: Драган Митрески

Во Дом за стари лица во Ченто и Кадино има две позитивни штитенички и тројца вработени, а позитивен е полицаец од Унгарија кој е на работна задача во земјава, па околу 30 полицајци кои биле со него ќе се тестираат, изјави министерот за здравство.

Во изминатото деноноќие во Македонија од 868 тестирања има 67 позитивни пациенти, додека еден пациент починал. Шест пациенти се примени на Инфективна клиника, а во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 27 пациенти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Во Штип дадени се 55 решенија за самоизолација, еден дел од вработените во петте текстилни фирми се тестираат. Во Тетово се проверуваат 40 лица од приватна фирма. Вчера во Липково се утврдени 12 заболени, а во Чаир и Студеничани 10 семејства се тестираат – изјави Филипче.

Во Дом за стари лица во Ченто и Кадино има две позитивни штитенички и тројца вработени, а позитивен е полицаец од Унгарија кој е на работна задача во земјава, па околу 30 полицајци кои биле со него ќе се тестираат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот