Еден починат, неколкумина повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Куманово

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА

Четириесет и осумгодишен кумановец починал од здобиени повреди, а други две лица се повредени во сообраќајна несреќа, која се случила вчера, кога возило удрило во паркиран автомобил на булеварот „Трета МУБ“, соопшти денеска МВР.

– Вчера, околу 13.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот М.П. од Куманово, удрило во паркирано патничко возило „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово, кои влегувале во возилото, информираше полицијата.

По незгодата тројцата биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани телесни повреди, а А.Х. им подлегнал на повредите. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

Уште една сообраќајна несреќа се случила во Куманово во која учествувале мотор и автомобил и во која три лица се повредени. Несреќата во кумановската полиција била пријавена 25 минути по полноќ.

– На булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сузуки“, со кумановски регистарски ознаки, на кој се превезувале А.Т.(20) и Д.С.(20), двајцата од Куманово и патничко моторно возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(22) од Куманово, соопшти полицијата.

По незгодата двете лица кои се превезувале на мотоциклот, како и возачот Д.Т. биле пренесени биле во Општата болница Куманово, каде на А.Т. и Д.С. им биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Т. му биле констатирани телесни повреди. Кумановската полиција извршила увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот