Еден од најголемите пожари во историјата на Колорадо: Осумстотини квадратни километри шума во пламен

Фото: EPA-EFE/LOVELAND FIRE RESCUE AUTHORITY / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во американската сојузна држава Колорадо гори шуми со површина од 800 квадратни километри. Огнот за првпат бил забележан вчера попладне и набрзо се проширил со силниот ветар, јавуваат американските медиуми.

Ова е еден од најголемите пожари во историјата на државата. Спасувачите и пожарникарите се излезени на терен и досега успеале да локализираат 62 отсто од пожарот. Се користи и авијација која врз жариштата исфрла специјални раствори за гаснење на пожари.

Според „Си-Ен-Ен“, пожарот е опасност за населеното место Џејмстаун, па властите на Колорадо ги повикаа трите илјади жители да се подготват за евакуација.

Синоптичарите прогнозираат засилување на ветрот во вечерните часови, затоа пожарникарите брзаат да изгаснат што е можно поголема површина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот