ЕЦБ: Се заканува „хаотичен“ пад на цените на становите

ЕЦБ/Фото: Архива на СП

Цените на становите во еврозоната би можеле „хаотично“ да паднат бидејќи становите стануваат недостапни за граѓаните и непривлечни за инвеститорите поради високите каматни стапки, предупреди во средата Европската централна банка (ЕЦБ), објави Пословни хр.

Тоа е еден од неколкуте ризици истакнати во анализата на ЕЦБ за финансиската стабилност, при што повисоките трошоци за задолжување и побавниот економски раст ги повредуваат бизнисите и домаќинствата. Од јули минатата година, ЕЦБ се обидува да ја заузда инфлацијата со зголемување на каматните стапки, а се чини дека ќе опстои на својата строга монетарна политика и во наредните месеци, забележува Ројтерс.

Најсилното зголемување на каматните стапки од неколку децении наназад сега почнува да се чувствува на пазарот на недвижности.

„Гледајќи кон иднината, падот на цените (недвижностите) може да стане хаотичен бидејќи зголемувањето на каматните стапки на новите хипотекарни заеми се повеќе ја загрозува нивната достапност и го зголемува товарот на каматите на постоечките хипотекарни заеми“, предупреди ЕЦБ.

Ова особено важи за земјите каде што преовладуваат хипотекарните кредити со променлива каматна стапка, посочуваат од банката, без да прецизираат кои. Податоци на ЕЦБ дека уделот на хипотекарните заеми со променлива стапка е најголем во Португалија, Шпанија и балтичките земји, забележува Ројтерс. ЕЦБ, исто така, предупреди дека регионите каде што институционалните инвеститори заземале големи позиции на пазарот на станбени недвижности би можеле да добијат поголем удар доколку капиталот се повлече. Ова ги вклучува Берлин, делови од западна Германија и група главни градови како Париз, Мадрид, Лисабон и Даблин, покажува анализата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот