Две девојки приведени поради прекршување на полицискиот час во Тетово

Фото: МИА

Тие биле затекнати во непосредна близина на угостителски објект на улицата „113″ во Тетово.

Две женски лица се приведени вчера во Тетово зашто го прекршиле полицискиот час по 20 часот. Тие биле затекнати во непосредна близина на угостителски објект на улицата „113″ во Тетово.

-Приведени се 20 годишна жителка на Шипковица и 19 годишна девојка од Пршовце. Тие биле најдени околу 22 часот близу угостителски објект на улицата „113″ во Тетово.  По приведувањето поднесена им е кривична пријава според членот 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствени прописи во време на епидемија”, информира порпаролот Марјан Јосифоски.

Полицијата во текот на изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 48 луѓе им изготви прекршочни платни налози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот