Двајца повредени во сообраќајка во Битола

Фото: Илустрација

Битолската полиција извести дека вчера околу 13.50 часот на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „голф“ со битолски таблички, управувано од Ц.С. (61) од Битола и мопед „априлија“ управуван од А.Р. (16) исто така од Битола.

Во незгодата тешки повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во клиничката болница во Битола. Сопатникот на мопедот пак О.С.(16 ) се здобил со повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот