Двајца повредени во близина на Виница – Слободен печат
Хроника

Двајца повредени во близина на Виница

На местото на сообраќајката увид извршила увидна екипа од полициската станица во Виница.

Вчера околу 11.40 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „нисан“ управуван од В.С. (71) од Делчево и комби „форд транзит“ управувано од Д.С.(31) од Кочани.

Во незгодата тешко е повред возачот В.С. и сопатничка од истото возило Ј.С. (67). Двајцата повредени биле пренесени во медицинскиот центар во Кочани каде им била укажана лекарска помош. На местото на сообраќајката увид извршила увидна екипа од полициската станица во Виница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close