Двајца актери од серијата на „Нетфликс“ загинаа во Мексико, шестмина се повредени

Фото: Instagram-принтскрин

Рајмундо Гардуно Круз и Хуан Франциско Гонзалес Агилар, двајца актери од серијата на „Нетфликс“, „The Chosen One“, загинаа во сообраќајна несреќа во Мексико. Покрај двајцата загинати, уште шест лица се повредени откако нивните комбиња се превртеле во близина на полуостровот на пустински пат кај Мулеге на полуостровот Долна Калифорнија додека патувале за Санта Росалија, каде се снима серијата..

Министерството за култура на Долна Калифорнија ја потврди смртта на Рејмонд Гардун Круз и Хуан Франциско Гонзалес Агилар, пишува „Independent“. Сè уште не е познат идентитетот на повредениот.

„The Chosen One“ е приказна за 12-годишно момче кое дознава дека е предодреден за второто Христово доаѓање. Приказната е заснована на стрип на Марк Милар и уметникот Питер Грос, а екипата започна со снимање во април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот